Зоран Заев тука во Струмица го почна говорот со поезија, вели „граде што душа ми даде“, јас би додал на сето ова граде што постојано те краде, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Струмица.

Тој укажа дека повеќе од една деценија градот е заробеник на една фамилија, чесните луѓе ги надгласува со купени гласови, а парите се вртат во истиот затворен круг, се владее со уцени закани, притисоци.

И кога го кажувам она за малите зоранчиња најмногу мислам на ликот на оној млад Костадинчо мислам беше, неговата сенка, неговата копија, човек со загубен идентитет, човек претпоен со желбата да биде Зоран Заев, овој пак со гордост кажува политички ментор му бил Зоки, замислете Зоран да ви е морално огледало. Вториот уште го фали колку му бил послушен и себе си се гледал во Костадинчо, нормално исти си се. Но, што добива Струмица од тоа, рече Мицкоски.

Мицкоски кажа дека Струмица е град на искрени, чесни домаќини, „луѓе кои човек да посака да ги има за пријатели, луѓе кои сакаат промени, а во Струмица мора да има промени“.

Не завршија ништо за овие 4 години што ветија, се што ветија излажаа. Позициите им се за друго нешто, не за народот, вели Мицкоски.