Политиките на оваа криминална власт нè доведоа до тој степен, да луѓето, во сред изборна кампања, зборуваат дека со колку повеќе луѓе со сомнително минато и позадина седнете, толку ви се поголеми шансите за победа, рече Христијан Мицкоски во гостувањето на Алсат.

Јас и мојот тим нема така да се однесуваме, бидејќи секое ветување повлекува концесија и оние луѓе на кои им се ветува, ќе се вратат со барања за исполнување на ветеното. Затоа и државата е на ова ниво. Најкорумпирана и со најниски стандарди во ЕУ.