Сите знаеме зошто делат црни вреќи. Сите знаеме дека тоа го прават и тоа се гледа од снимката, тоа го прават од кола која што е излепена, брендирана со името на Христо Кондовски, кандидат на СДСМ во Битола, рече Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Главните активисти на СДСМ, секретар на општинската организација, а и двајца кандидати за советници на Битола, синоќа оделе во битолската населба Баиро и со автомобил брендиран со кандидатот за градоначалник во Битола, Христо Кондовски, делеле црни вреќи, реагираше Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Луѓето коишто вадат црни вреќи во населбата Баиро во Битола од возило со налепници од кандидатот за градоначалник на СДСМ во Битола, се Борче Корлевски, актуелен советник во Советот на општина Битола и повторно кандидат за советник во Битола. Второто лице е Жаклина Наумовска, просветен инспектор и секретар на Општинската организација на СДСМ во Битола, како и кандидат за советник. Сите знаеме што прават тие во Баиро во Битола. Сите знаеме зошто делат црни вреќи. Сите знаеме дека тоа го прават и тоа се гледа од снимката, тоа го прават од кола која што е излепена, брендирана со името на Христо Кондовски, кандидат на СДСМ во Битола. Истовремено, фирмата на Христо Кондовски „Стентон Градба“ добива еден куп милионски тендери од РЕК Битола којашто сега пропаѓа, а гледаме сега дека вртат нивни возила по Баирот во Битола и тоа едноставно што може да биде ако не е изборен поткуп. Граѓани на Македонија, граѓани на Битола, имате јасен избор од една страна се тајкуните и олигарсите коишто добиваат милионски огромни државни тендери, а од друга страна е нашиот кандидат. Нашиот кандидат којшто е доктор, којшто е еснаф човек којшто помага. Гласајте за ВМРО-ДПМНЕ и Коњановски под број 7 – рече Ѓорчев.