Институтот „АКСИОС“ во периодот од 02.10 до 06.10.2021 година спроведе анализа на јавното мислење на стратифициран примерок во секоја општина/Град Скопје во Република Северна Македонија засебно во однос на демографската средина и бројот на жители во општината/градот Скопје. Анкетата е спроведена на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.

За истражувањето на рејтингот на политичките партии поврзано со локалните избори е спроведено на примерок од 1345 испитаници на територија на цела Република Северна Македонија.

Во последното истражување направено од институтот „АКСИОС“, опозициската ВМРО-ДПМНЕ води наспроти СДСМ и нивната коалиција.

Според анкетата која ја спроведе институтот „АКСИОС“ на претстојните избори за градоначалник на град Скопје води независната кандидатка, Данела Арсовска, пред својот противкандидат Петре Шилегов од СДСМ и коалицијата.